ВМРО-ДПМНЕ во Собранието се спојува во една пратеничка група

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието се спојуваат во една пратеничка група, а нејзин нов координатор, на местото на Драган Данев, ќе биде пратеникот Никола Мицевски од Штип.

Ова е одлуката што ја донесе вечерва Извршниот комитет на партијата, а за која, според собранискиот деловник, ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да го извести претседателот на Собранието Талат Џафери.

Десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ веќе немаат по најмалку 5 потребни пратеници, откако коалицијата од 51 се намали 39 пратеници, по исклучувањето на осумтемина од коалицијата кои гласаа за уставните измени и кои формираа сопствена пратеничка група, како и претходните заминувања на пратеници.

Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дополнителни детали, како и обраќање на новиот координатор утре, а за вечерашниот состанок на Извршниот комитет, соопштение и обраќање на социјалните мрежи треба да има лидерот на партијата Христијан Мицкоски.