ВМРО-ДПМНЕ: Во Струмица граѓаните плаќаат 100% поскап гас, заради неспособноста и криминогеноста на заевизмот

Владата на Заев потроши 5 години, а не мрдна со прст за гасификација на државата. Напротив ветуваше дека ќе ја гасифицира државата по примерот во Струмица. Епа тој пример сега е показател за лош модел. Струмичани сега плаќаат речиси 100% поскап гас, затоа што Заев и екипата околу него беа зафатени со криминали корупција и избори, наместо да обезбедат поевтин гас , како што тоа го направија останатите држави во Европа, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„И во време на енергетска криза, но и надвор од неа, Македонија поради заевизмот плаќа најскап гас. Додека сите влади водеа интензивни разговори за обезбедување на гас по пониски цени, Заев го водеше пиунот Ковачевски за рака низ партија. Додека државите се подготвуваа за ценовниот удар, Битиќи и Бектеши уверуваа дека нема да има позначајно поскапување и удар по џебот на граѓаните, истакнуваат од опозициската партија.

Сега граѓаните во Струмица кои ќе плаќаат скоро двојно поскап гас,на свој грб ја чувствуваат неспособноста, неодговорноста и криминогеноста на заевизмот, додаваат од таму.