Во време на СДСМ ниту постоеа активни мерки за вработување, ниту државна помош за малите фирми. Напротив, македонско стопанство беше разорено, се вели во соопштението што ВМРО-ДПМНЕ го упати до јавноста.
Интегрален текст од соопштението:
СДСМ повторно очајно манипулира на тема на која покажа најслаби резултати како политичка партија во Владите кои ги предводеше.
СДСМ спроведе криминална приватизација, затвори 684 претпријатија и остави 200.000 луѓе на улица. СДСМ лажеше дека ќе вработи по еден човек од секое семејство. Не само што не вработи никого, туку невработеноста во нивно време достигна приближно 38%. Денес невработеноста е намалена на рекордно ниски 24,5%. Во време на СДСМ ниту постоеа активни мерки за вработување, ниту државна помош за малите фирми. Напротив, македонско стопанство беше разорено.
Со оперативните планови за услуги на пазарот на трудот и активни мерки за вработување од 2007 до денес над 40.000 луѓе засноваа работен однос. Само со проектот Македонија вработува за една година се постигнаа 19.000 врaботувања и им се помогна на повеќе од 10.140 компании да ги намалат трошоците.
Мерката грант со самовработување е една од најуспешните мерки кои се спроведуваат. Програмата „Самовработување“ се применува од 2007 година и од тогаш преку неа се отворени околу 7.800 мали компании кои почнале со еден вработен, а некои од нив се развиле во стабилни субјекти со 5 до 20 вработени. Една третина се бизниси започнати од жени, а една третина од млади луѓе до 29 години. 73% од над седумте илјади бизниси формирани во изминатите девет години се уште функционираат, вработуваат луѓе и остваруваат приходи. 85% од вкупниот број апликанти се се’ уште во работен однос.
За 2016 предвидена е поддршка на 920 новоотворени мали бизниси со мерката за самовработување, односно истите ќе добијат грант од 185.000 денари за набавка на опрема и/или репро материјали. Со процент на успешност од 70% на реализација на оваа мерка Македонија претставува лидер во Европа.
Ова се бројките и фактите кои СДСМ не ги прифаќа ниту познава, бидејќи СДСМ не е партија која овозможува вработување, туку партија која лаже и брка луѓе на улица.
Затоа СДСМ веќе 11 години е во опозиција, и таму и ќе остане. Граѓаните ќе го казнат СДСМ за деструкцијата и манипулациите тогаш кога СДСМ ќе собере храброст конечно да се појави на избори и да ја добие заслужената казна.