![igor durlovski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/07/igor-durlovski.jpg?resize=630%2C479&ssl=1)
По оставката на Игор Дурловски од својата пратеничка функција како дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, од опозициската партија објаснуваат дека тоа е личен став на пратеникот кој тие ќе го почитуваат.
„Тоа е личен став на Игор Дурловски кој ние го почитуваме. Како што кажува и самиот тој останува верен на Македонија, но и на Коалицијата за Обнова на Македонија и ВМРО-ДПМНЕ. Тој меѓудругото останува и стратешки соработник на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф.др.Христијан Мицкоски“ – велат од партијата.
Доцна попладнево, Игор Дурловски, преку статус на социјалната мрежа ФБ објави дека ќе си поднесе оставка од пратеничката функција бидејќи политичката прагма е неподнослива и неморална.