Најбројната парламентарна партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, повторно реагира и бара Зоран Заев да и’ објасни на македонската јавност што договорил во Софија на средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов, минатата недела.
Од друга страна, пак, Заев и по една недела останува глув на барањата да каже јавно што разговарал со Борисов.
Заев од Софија посочи и дека ќе има бришење на одредени термини од историјата на Македонија, без да каже кој ќе одлучи што ќе се брише, тој исто така ја обвини сопствената држава, чиј премиер е, за ширење на национализам и омраза, без да каже кон кого и кога Македонија ширела национализам.
Обвинувајќи ја сопствената земја тој не одвои време за осуда на изјавите на Божидар Димитров, кој е радосен на фактот што Заев кажал дека Македонците и Бугарите се ист народ, за кого македонскиот јазик е бугарски дијалект, а потпишувањето на договорот за добрососедство ќе значи крај за македонизмот“, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.