Зоран Заев оди спротивно на волјата на народот која беше јасно изразена на 30 септември. Народот јасно кажа дека не прифаќа промена на името и тоа секој политичар треба да го почитува. Зоран Заев се што прави вклучително и насилната промена на името е со цел задржување на власт и пљачкосување на државата преку криминални тендери, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека државниот апарат 2 години е нефункционален, наместо реформи и проекти, власта се насочи кон распродажба на државните и национални интереси.
-Образованието е во хаос, здравството на колена, земјоделието во очај. Буквално црнила на секое поле. Црнилата кои ги донесоа во секојдневието не можат да ги избришат со распродажбата на името. Зоран Заев е човекот кој ќе остане запаметен како политичарот кој ја продал Македонија, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, Зоран Заев не работи за граѓаните и државата, туку за своите лични и бизнис интереси. Зоран Заев и СДСМ мора да си заминат. Црнилата не смеат да бидат наше секојдневие. Зората мора да изгрее за Македонија.