Зоран Заев го интересира само кражбата на народните пари и нема кредибилитет да се појави пред учениците и наставниот кадар во државата. Тој е човекот кој остави илјадници ученици без книги, а спроведува сомнителен договор во четири очи преку МОН, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Профитот за оваа власт е поважен од иднината на генерации ученици. Наместо почеток на учебната година учениците да го почнат спремни со сите потребни средства за учење тие се ускратени лично од Заев. Заев е и човекот кој со капитулантскиот договор со Грција за промена на името прифати формирање на комисија за ревидирање на македонската култура, археологија и историја, со што и даде алатка на Грција за кочење на нашиот евроинтегративен процес кога и да посака, но и се обврзува на промена на учебници. Владата на чие чело седи Заев повеќе од една година нема направено ништо за учениците, ветувањата за подобри услови и големи инвестиции во образованието останаа само мртво слово на хартија. Ветуваа изградба на средни училишта во Тетово, Аеродром, Арачиново и Ново Село во првите 6 месеци од преземањето на власта, а поминаа 15 месеци, ова не е ни на повидок. Ветуваа намалување на бројот на ученици по паралелка од 25 ученици. Ветуваа реконструкции и опремување на училишта, но ништо од тоа не е случај. СДСМ повеќе од една година прерасна во вистинска катастрофа за образованието. Условите не само што не се подобрено, туку се влошени. Токму затоа СДСМ и Заев мора да си одат, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.