„Новинарите кои пишуваа за скандалозните криминали на Зоран Заев и картелот околу него не се суетни. Тие се гласот на граѓаните и не смее да подлегнат на притисоците и заканите на аболицираниот криминалец. Цензурата е срам за која било земја, соопштија од ВМРО ДПМНЕ.
-Веќе се е јасно како ден, во Македонија владее криминален тоталитарен режим.
Шведска потврди дека во Македонија Заев спроведува политички прогон и дека случајот 27 ми април е уште една политичко судска монтировка на Зоран Заев. Шведска одби да екстрадира еден од обвинетите за 27 април, со образложение дека во делото нема елементи на тероризам, а во нашата држава се спроведува политички прогон!
Ова ја прави Македонија единствената држава во демократска Европа во која во 21 век се уште има политички затвореници, кои лежат по затворите само поради различните политички ставови од оние на власта.
Висок функционер на актуелната власт вчера потврди дека Зоран Заев влијае врз македонското судство. Потврди дека тој се мешал во правосудниот систем и барал начини да ги стави под своја контрола сите судии. Градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети отворено посочи дека судството е под контрола на Заев.
Никој во Република Македонија не верува дека Зоран Заев, човек кој е три пати амнестиран за криминал не е на чело на криминалниот октопод кој своите пипци ги распространи во секоја пора на македонското општество. Македонската јавност од разговорите кои ги објави Ла Верита, слушна како се злоупотребува правдата. Јавноста слушна како Јанева ја злоупотребува позицијата за милионски суми. Јавноста слушна како Боки Тредичи оваа игра ја игра за Зоран Заев.
Зоран Заев ја укина правната држава во Македонија, го закопа правото и правдината, а без овој основен постулат на демократијата, нашата држава не може да добие датум за преговори со Европската Унија. Аболицираниот Заев и неговата криминална банда се најодговорни за застојот во македонските евроинтеграции. Одговорност за ова мора да има. Секој кој се огрешил пред законот ќе одговара кога овој човек ќе си замине од политиката. Тогаш ќе одговараат и сите оние кои застана во одбрана на неговиот криминал и оние кои вршеа политички прогон во негово име“, реагираат од ВМРО ДПМНЕ.