Смешно и безобразно е кога Зоран Заев, неколкукратно аболициран политичар и човек кој инфлагранти е фатен во извршување кривично дело, зборува за одговорност, велат во реакцијата на инетрвјуто на премиерот Заев.
„Попусти се сите обиди на правдање пред новинарите. Зоран Заев вчера ги навреди сите новинари во земјата. Заев вчера дефакто кажа дека сака новинари кои ќе молчат пред криминалот на власта, а не професионалци кои ќе ја информираат јавноста“, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ, притоа додаваат дека Зоран Заев вчера изразил целосна нетрпеливост и покажал дека се што до сега кажувал било само маска со цел доаѓање на власт.
„Заев е синоним за криминал. Под негова палка во државата е извршен милионски рекет, во период од неколку години. И за тоа никој ништо не преземал.
Процесот за случајот Рекет месец дена тапка во место. ЈО не ја проширува истрагата кон нарачателите и организаторите. Боки 13 и Зоки Кичеец се само жртвено јагне за спас на Катица Јанева и Зоран Заев“, потенцираат од најголемата опозициска партија, според која, одговорност мора да има, но, и дека тоа не е можно со Зоран Заев на власт. Отатаму велат дека Заев мора да си даде оставка и да се организираат итни предвремени парламентарни избори. Како и тоа дека се потребни истраги и одговорност за криминалот извршен во изминатиот период.