![vmro-dpmne-960x590](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/vmro-dpmne-960x590-2.jpg?resize=696%2C428&ssl=1)
-Зошто Ковачевски и Ахмети молчат за предлогот да се ископира хрватскиот модел на устав, земја членка на ЕУ која до вчера ја кажуваа за пример? СДС и ДУИ треба да се изјаснат за ставот на ВМРО-ДПМНЕ, Уставот на Македонија да се преслика од тој на Хрватска, каде македонската држава ќе се означи како држава на македонскиот народ и малцинствата кои живеат во Македонија, каде поименично ќе се запишат сите кои беа опфатени во последниот попис, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Пресликување на хрватскиот модел е одличен пример за Македонија.
Хрватскиот устав е устав на земја членка на ЕУ и сметаме дека пресликување на истиот може само да ја зацрвсти нашата посветеност кон ЕУ и нејзините стандарди.
Доколку СДС и ДУИ се искрени тие нема зошто да се противат на хрватскиот модел, кој ги гарантира правата на сите малцинства“ – се наведува во партиското соопштение.