
Њујоршката полиција го истражува убиството на внуката на Морган Фриман, која беше избодена на улица во Менхатн.
Полицијата вчера ја пронајде 33-годишната Едина Хајнс како лежи на улица со повеќе рани нанесени од нож на градите. Прогласена е за мртва во болница во Харлем.
Ламар Девенпорт, на возраст од 30 години, за кого полицијата тврди дека бил во врска со жртвата, веднаш е приведен од самото место на злосторот, пред станот на Хајн. Очевидец тврди дека

Холивудскиот актер Морган Фриман издаде соопштение во кое наведува дека „светот никогаш нема да дознае колку била талентирана и колку многу имала да понуди“.
Хајнс студирала глума и се занимавала со образование на младите
Мајката на Едена е посвоена ќерка на оскаровецот и неговата прва сопруга, Џенет Адер Бредшоу. Тој за својата внука се грижел цел живот. Таа со својот дедо глумеше и во филмот „5 Flights Up“, минатата година, каде имаше улога на рецепционерка.