Во 2020 година светот ќе се соочи со економски потрес коишто аналитичарите на американската инвестициска банка „JPMorganChase“ ја нарекоа суперкриза, и притоа предвидуваат масовни безредија и недостиг од храна.
Точно пред десет години најголемата ивестициска банка во светот „Lehman Brothers“ предизвика светска финансиска криза со долгогодишна рецесија. Оттогаш, финансиските експерти градат различни модели, обидувајќи се да ги прогнозираат роковите и да ги проценат димензиите на следниот глобален крах, како и да го утврдат цикличното повторување на ваквите случувања во економијата.
Како што пресметале во „JPMorgan Chase“, врз основа на сопствениот модел, колапсот треба да се очекува веќе во 2020 година. Предвид биле земени показателите како што се времетраењето на економскиот раст и последователната рецесија, соодносот на сопствените средства и заемите во најголемите компании, вредноста на активите, а исто така и нивото на дерегулација и финансиските иновации.
Аналитичарите на банката потсетуваат дека за време на глобалната криза од 2007/2008 година, берзанскиот индекс S&P 500 падна за 54 отсто од највисоките вредности. Претстојниот колапс на берзата не се очекува да биде толку голем, бидејќи вредноста на активите во земјите во развој сега е многу помала отколку во 2008 година.
Пасивни инвеститори и криза на ликвидноста
Како што појаснува инвестицискиот стратег „JPMorgan Chase“, Марко Коланович, уривањето на берзанската база ќе се случи поради мноштвото индексни, берзански и други пасивно управувани фондови, како и компјутеризираните трговски стратегии. Бидејќи во моментов нема доволно активни инвеститори, нема да има кој да ги купува дурии и силно поевтенетите активи.
Од „JPMorgan Chase“, исто така, посочуваат дека ликвидноста на берзанскиот пазар во Соединетите држави останува околку две третини подолу од нивото од пред последната криза. На пазарите со фиксни приходи ликвидноста се влошила, бидејќи банките имаат помала улога како креатори на пазарот. „Пазарните случувања кои започнаа во 2008-та доведоа до сериозно нарушување на ликвидност, што може да стане клучната карактеристика на следанта криза“, прецизираат аналитичарите на банката.
Намалувањето на ликвидноста придружено со растот на пасивните инвестиции ја ослабуваат способноста на пазарот да се спречат големите повлекувања во случај на зголемена нестабилнсот, тврдат авторите на споменатиот финансиски извштај.
Меѓу ризиците аналитичарите ја вбројуваат и промената во структурата на хипотекарниот пазар во САД. Имено, уделот на небанкарските хипотекарни заеми се зголемил до 80 отсто на пазарот, а пред кризата на нов отпаѓаа помалку од 20 проценти. Небанкарските кредитори вообичаено се со помала капитализација отколку банките, а покрај тоа не постои јасен механизам за одредување кој може да ја преземе врз себе улогата на давател на не-банкарските услуги, доколку таквите кредитори излезат од бизнисот.
Растот на каматните стапки и трговските војни
Се наметнува кога треба да се очекува „почетокот на крајот“?! Како што рече Колановиќ во разговорот за американската телевизиска мрежа CNBC, веројатноста за почеток на кризата е во втората половина на 2019 година се оценува како прилично ниска. Во многу аспекти динамиката на нејзионот развој ќе биде определена особено од брзината со којашто американската централна банка Federal Reserve ќе ги зголемува капатните стапки. Што се однесува до трговската војна со Кина, таа може да ја приближи но и да ја одложи кризата, смета аналитичарот.
За тоа дека растот на каматните стапки во САД може да стане поттикнувач за новата глобална финансиска криза, претходно предупредуваа и од банката „Bank of America Merrill Lynch“. Во текот на оваа 2018 година инвеститорите ги продаваа хартиите од вредност на новите пазари во развој. Причината за тоа беше растот на каматните стапки од страна на Fed, што придонесува за зајакнување на курсот на американскиот долар кон другите светски значајни валути. Сегашната ситуација, според аналитичарите на банката многу потсетува на она што се случи пред две децении, кога инвеститорите масовно се повлекуваат од ризичните обврзници на економиите во развој.
Протекционистичката политика на Вашингтон во „Bank of America“ се смета за уште една од значајните закани за глобалната економска стабилност. Трговските војни предизвикуваат огромни загуби во меѓународната трговија, влијаат врз цените и достапноста на производите во синџирите за набавка, што нанесува сериозни удари врз глобалната економија.
Особено се засегнати системите за снабдување на светскиот пазар, предупредуваат од Меѓународниот институт за истражување на развојот на политиките за производство на храна (IFPRI). Како што истакнуваат истражувачите во својот извештај од мај, трговските војни ги поткопуваат клучните темели на безбедноста на производството на храна, како што се достапноста, пристапот, користењето и стабилноста на набавките.
„Ограничувањата на крајот резултираат со повисоки цени за потрошувачите и ќе го попречат пристапот на пазарот за производителите во земјите во развој, што ќе содаде дополнителен притисок врз сигурноста на храната“, констатираат во IFPRI.
Во тој контекст познатиот американски економист и инвестициски банкар Џејсм Рикардс истканува, исто така, дека сегашното брзо економско закрепнување на САД и на европските земји може да резултира со силно треснување на берзата, слично на она што се одиграло во 1929 година, кога продолжената рецесија низ целиот свет е неизбежна.
Социјални превирања
Особено од „JPMorgan Chase“ предупредуваат дека за разлика од пред една деценија, последиците од новата криза ќе бидат големи социјални немири, особено во САД. Такво нешто на американскиот континент се нема случено веќе половина век, од 1968 година.
Според Коланович, за тоа директно ќе придонесат интернетот и социјалните медиуми каде што се формираат различни групи, а политичките настани, како што се изборите во САД во 2020-та и истапувањето на Велика Британија од Европската унија во март 2019 година, само ќе долеваат масло на огнот.
Аналитичарите велат дека доколку значајните централни банки успеат да го предовратат острото опаѓање на вреноста на активите, тогаш веројатно ситуцијата нема да биде толку драматична. Во спротивно, доколку економската ситуација дојде до таква состојба претстојат депресија, безредија и „многу поразурнувачки промени“.