Во џамија во Лондон избоден мујазинот, напаѓачот уапсен

Во главната џамија во Регентс парк во Лондон, денеска, малку по 15 часот по локално време, е изведен напад во кој маж со нож го избодел човекот која ја водел попладневната молитва – мујазинот, јавија британските медиуми.

Повредениот човек бил префрлен во болница, а британските медиуми јавуваат дека е тешко ранет и дека се наоѓа во животно загрозувачка состојба.

Скај њуз потврди дека во нападот бил повреден мујазинот на џамијата.

Полицијата соопшти дека на местото на нападот е уапсено едно машко лице, заради сомнение дека се обидел да изврши убиство.

На фотографии на интренет се гледа како полицијаците апсат белец пред џамијата во Регентс парк, една од најпознатите во Лондон.

„Екстремно загриужувачки е да се види како еден бел маж влегува во џамијата за време на молитвата и со нож го боде мујазинот во вратот“, напиша на Твитер Мигдад Верси , портпоролот на Муслиманскиот совет на Велика Британија.