Во апартманот на Абдеслам откриени фотографии од нуклеарен истражувачки центар во Германија

Салах Абдеслам, кој е главен осомничен за нападите во Париз во ноември, во апартманот во Брисел имал фотографии од нуклеарен истражувачки центар во Германија, јави ДПА.

Според „Редакциската мрежа на Германија“ во претресот на живеалиштето на Абдеслам властите пронашле фотографии од нуклеарниот истражувачки центар „Јолих“ во провинцијата Северна Рајна Вестфалија, од неговиот директор и други членови на раководството.

Според извори од парламентарна комисија, одговорна за набљудување на работата на германските разузнавчки служби, директорот за внатрешно разузнавање Ханс Георг Маасен изјавил пред неа во март дека фотографиите се откриени во апартманот на Абдеслам.

Центарот соопшти дека нема информации за опасност и оти е во контакт со службите за безбедност и органите за нуклеарен надзор.