Окружниот суд во Токио осуди во вторникот на смртна казна маж поради убиството на девет луѓе во 2017 година, пренесуваат јапонските медиуми во врска со случајот кој беше наречен „Убиецот од Twitter“, поради начинот на кој осудениот ги пронаоѓал своите жртви.
Триесетгодишниот Такахиро Шираиши е виновен за убства, парчосување и пакување на останките од телата на деветте лица во својот стан во градот Зама, блузу јапонската престолнина.
Шираиши пред судот открил дека во контакт со своите жртви стапил преку Twitter, откако тие откриле дека имале суцидни помисли, пренесува новинската агенција Jiji.
Убиецот ги повикувал во својот стан, ветувајќи им дека ќе умрат. Неговите адвокати тоа го користеле во обдрната, истакнувајќи дека жртвите се убиени по своја волја. Сидијата Наукони Јано, сепак, пресудил дека жртвите не се согласиле да бидат убиени.
Шираипти убил и распарчил осум жени и еден маж, на возраст меѓу 15 и 26 години, во периодот од август до октомври 2017 година. Сите женски жртви и сексуално ги нападнал.
Сега осудениот пред почетокот на процесот изјавил дека нема да се жали на одлуката на судот, дури и доколку станува збор за смртна казна, која во Јапонија се изведува со бесење.