Во Apple планираат да произведуваат автономни автомобили

Американскиот технолошки гигант „Apple“ продолжува со развојот на технологијата за автономни возила и планира во 2024 година да произведе патнички автомобил кој би можел да користи неговата батериска технологија, соопштиле за Reuters упатени узвори.

Проектот „Titan“ е покренат уште од 2014 година, кога компанијата чиј најпозната производ се паметните телефони iPhone започна со проектирање на сопствено возило. По бројните проблеми во „Apple“ реши повторно да се насочи кон софтверот а во 2018 гоина вереранот Даг Филд се врати од „Tesla“ и го презема водството во проектот отпуштајќи 190 работници.

Проектот добро напредувал, па од „Apple“ сега објавија дека планираат да произведат личен автомобил за масовниот пазар, изјавиле за Reuters две лица запознаени со темата под услов да не бидат именувани, бидејќи плановите на компанијата не се јавни.

Клучен за стратегијата на „Apple“ е новиот дизајн на батеријата кој би овозможил „радикално“ намалување на трошоците и да се зголеми досегот на возилото, според трет извор кој тврди дека го видел дизајнот на батеријата. Од „Apple“ не сакале да коментираат околу плановите и за издните производи.

Производството на возила претставува предизвик на синџирот за снабдување, дури и за компаниите со многу расположливи средства, како што е „Apple“ кој секоја година изработува стотици милиони електронски производи со делови од целиот свет, но никогаш досега не направил автомобил. На пример, на „Tesla“ на Илон Маск, ѝ беше потребно 17 годиони да го осмисли автомобилот кој на компанијата ѝ остварува добивка, потсетува Reuters.

Сѐ уште не е познато кој би ги склопувал автомобилите со брендот на „Apple“, но изворите очекуваат дека гигантот ќе се потпре на партнерите во автомобилската индустрија.

Компанијата се одлучила да ангажира надворешни партенри за поедини делови од системот, вклучително и сензорите базирани на лидар технологијата коишто на автономните возила им ги скицираат тридимензионалните прикази на патот, според двата соговорника на агенцијата.

„Apple“ своевремено за производство на автомобилите разговале со „ Magna International“, но разговорите запреле бидејќи плановите на технолошкиот гигант добивале „замаглени контури“, рекол еден од изворите. Од „Magna“ не одоговориле веднаш на барањето на Reuters да ја коментира оваа информација.

За да остварат добивка, произведувачите често бараат поголем број возила во договорите, а тоа би можело да се покаже како предизвик дури и за „Apple“, кој е новак на автомобилискиот пазар, сметаат аналитичарите.

„За да биде одржлив вашиот погон за монтажа, потребен ви е (договор за склопување) на 100.000 возила годишни и обврска на партнерот дека таа бројка ќе расте“, појаснува неименуваниот извор.