
Државниот завод за статистика ги објави податоците за градбите во август, според кои, во државава се издадени 210 одобренија за градење, што е за 9.4 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија, предвидената вредност на објектите изнесува 2.326.990 илјади денари, што е за 53.7% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 136 (64.8 %) се наменети за објекти од високоградба, 18 (8.6 %) за објекти од нискоградба и 56 (26.6%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 210 објекти, на 145 (69.1 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 65 (30.9 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 278 станови, со вкупна корисна површина од 24 728 м2.