Во Австралија откриена втора генетска верзија на омикрон сојот

Научниците од австралиската сојзуна држава Квинсленд, научниците идентификувале генетски „подвид“ на новата верзија на коронавирусот SARS-CoV-2 наречена омикрон, пренесува весникот The Guardian.

Оваа генетска промена е откриена кај вториот Австралиец кај кој е идентирфикувана заразата со омикрон верзијата, кој неодамна допатувал од Нигерија, изјави министерката за здравство на австралиската сојузна држава Квинсленд, Ивет Д’Ат.

„Сакам да изразам длабока благодарност до нашите форензички и научни агенции, бидејќи нивната работа со меѓународниот комитет доведе до преквалификација на омикронот во два подвида, и двата се присутни тука во Квинсленд“, изјавила министерката.

Инфектологот и микробиологот од Австралискиот национален универзитет, Питер Колињон, верува дека новата подваријанта најверојатно ќе се прошири во различните делови на земјата, но не може да се нарече нов сој.

„Мислам дека не може да се нарече нова варијанта, ова е подтип. Новата варијанта значи поголема промена во споредба со соевите што веќе ги имавме“, појаснува научникот.

Како што пренесува ресурсот 9News, повикувајќи се на стручњаци кои ги консултирале, новата верзија на SARS-CoV-2 ги задржала околу половината од генетските промени на омикрон варијантата. Сепак, за разлика од својот претходник, подваријантата ја нема карактеристиката „пролапс (откажување) на S-геномот“. Веројатно поради тоа е и потешко да биде откриен со PCR тест.