Во Азербејџан уапсени 26 осомничени исламисти

Полицијата во Азербејџан уапси дваесет и шест лица, осомничени дека се бореле во редовите на организацијата Исламска држава и други исламистички групи во Сирија.

Сите уаспени се државјани на Азербејџан. Тие се обвинети за противзаконски активности поврзани со вооружени групи на сириска територија во периодот од 2013  до 2014 година.

Полицијата соопшти дека некои од осомничените биле поврзани и со вооружани групи во Пакистан.