Во Багдад антивладини протести поради нападите на Иран

Околу 100 припадници на ирачкото протестно движење демонстрираа утрово во Багдад против иранскиот ракетен напад на две воени бази во Ирак во кои имаше американски војници.

Антивладините демонстранти запалија оган и ги блокираа улиците во близина на плоштадот Тахрир. Тие носеа ирачки знамиња и извикуваа „Иран надвор, надвор!“, пред бидат растерани од безбедносните сили.

Членовите на ирачките движења кои се побунија во октомври против владеењето на елитата, обвинувајќи ја за корупција, негодуваат и поради воените и политички активности со Иран.
Иран истрела повеќе од 22 балистички проектили врз две воени бази во Ирак, а иранската Револуционерна гарда презеде одговорност, истакнувајќи дека нападите се „одмазда за убиството на командантот на единицата Кудс, Касим Сулејмани.

Пентагон потврди дека ракетите се лансирани од територијата на Иран при што се погодени базите Ал Асад и Ирбил, при што загинаа околу 80 американски војници.