Во Белград убиен уште еден мигрант

Во Белград во четвртокот вечерта е убиен уште еден мигрант, злосторството е извршено со нож неполни 24 часата откако во тепачката во средата беше избоден 21-годишен Авганистанец, а според спрските медиуми станува збор за одмазда за синоќешното убиство.

Второто убиство се случило околу 22 часот кај бегалскиот камп во белградското предградие Крњача, а со 24 убоди од нож е усмртен 16-годишен имигрант. Жртвата била прободувана во градите и стомакот, а се сомнева дека се работи за одмазда на Авганистанците блиски на мигрантот кој во средата вечерта беше убиен пред локал во центарот на Белград.

Српската полиција по првото убиство соопшти дека уапсила еден од осомничените кои учествувале во кавгата која завршила со убиство со нож, а дека друг малолетен осомничен е идентификуван и оти по него се трага.

Некои електронски медиуми дознаваат дека убиениот тинејџер всушност бил еден од двајцата осомничени за синоќешното убиство во улицата Караѓорѓева во центарот на српската престолнина. Неговото искасапено тело било пронајдено во шумата, а убиството најверојатно се случило околу 19 часот.

Медиумите наведуваат дека Авганистанецот убиен во средата во Србија дошол пред две години и бил близок со криумчарските кргугови кои дејствуваат во регионот.