Во Босна и Херцеговина во понеделникот се потврдени само малку повеќе 400 нови случаи на заразата со коронаворусот, но 55 лица во изминатите 24 часа починале како последица од компликации од Covid-19, соопштија ентитетските заводи за јавно здравје.
Сразмерно помалиот број на новозаразени е поврзан со вообичаено намалениот обем на тестирањата кои се спроведуваат во текот на викендите, па така од неделата се тестирани само околу 1.700 примероци. Со нов е потврден 351 случај на коронаинфекција во Федерацијата БиХ и и 85 во Република Српска.
Бројот на починатите кај кои претходно е потврдена заразата со новиот коронавирус е несразмерно голема, а починале 39 лица во Федерацијата БиХ и 16 луѓе во Република Српска.
Според последните податоци, во замјата од почетокот на епидемијата забележани се 95.000 случаи на заразата, и над три илјади смртни исходи.
Епидемиолошката ситуација во поголемиот дел од земјата е оценета како стабилна, а во областа на дистриктот на Брчко од понеделникот повторно е дозвелена работата на угостителските објекти и услужните дејности кои беа затворени пред две седмици поради острото ширење на заразата. Процената е дека мерките веќе дале резултатите, па на сила осанува само ограничувањето на движењето во ноќните часови.