Бројот на новозаразените со коронавирусот во Босна и Херцеговина во понеделникот изнесувал 543 и е сразмерно помал имајќи предвид дека во текот на викендите се вршат помал број тестирања, но затоа бројот на починатите и натаму е висок со 63 пријавени смртни исходи како последица од заразата.
Од неделата се тестирани само малку повеќе од 1.300 примероци, што е трипати помалку отколку во работните денови, а заразата е потврдена кај 362 лица од Федерацијата БиХ и кај 181 од Република Српска.
Во Федерацијата БиХ починале 37 заразени пациенти, но овој податок се однесува на сите денови од викендот, а во Република Српска имало 26 смртни исходи.
Директоторот на Институтот за јавно здравје на Република Српска, Бранислав Зељковиќ, предупреди во понеделникот на прес-конференција, дека и покрај помалите бројки во однос на периодот од пред две седмици, состојбата и натаму е неповолна и повика на строго придржување на мерките за заштита за да се спречи ескалацијата на епидемијата.
„Епидемиолошката ситуација и натаму е неповолна. Имаме продолжение на зголемувањето на бројот на заболените, Во некои локални заедници има и влошување, а во некои смирување“, реле Зељковиќ.
Сепак, во Република Српска нема најава за воведување на полициски час во текот на ноќта, кој е на сила во Федерацијата БиХ.
Во дистриктот Брчко, кој е посебна административна единица, покрај забраната за движење во ноќните часови, на сила е одлуката со којашто на две седмици се затворени сите угостителски објекти и е прекината наставата во училиштата, но не станува збор за целосно затворање, бидејќи во некои дејности, како на пример фризерниците, дозволено е продолжена е работата. Поради тоа протестираа угостителите, за кои ваквата одлука е нелогична и предупредуваат на големи штети.