Во БиХ нови 294 случаи на зараза со коронавирусот

Во Босна и Херцеговина во средата се потврдени нови 294 случаи на зараза со коронавирусот, а починале уште шест лица кои биле заразени, сооштија здравствените власти.

Во Федерацијата БиХ регистрирани се 203 нови случаи на зараза, но не се извршени податоци за бројот на тестираните лица. Во Република Српска тестирани се 585 примероци, а утврдено е дека 90 од нив биле позитивни на вирусот. Уште еден новозаразен е регистриран на подрачјето на Дистриктот Брчко.

Со исклучок на изминатиот викенд кога е забележан помал број нови случаи, во БиХ вече со седмици дневниот број на новозаразените се движи меѓу 200 и 300 лица.

Здравствените власти редовино повикуваат на придржување до пропишаните мерки, а особено се повикуват на избегнување масовни собири, но нема најава за воведување дополнителни рестрикции. Наставата во училиштат, која во поголемиот дел од земјата започнаа на почетокот од септември, сзасга се одвива без поголеми проблеми, и ниедно училиште сѐ уште не е затворени поради ширење на зараза.