Во Битола ќе се снима филм на Раде Шербеџија

Денеска градоначалникот Талески на пресот посветен на Инатернационалниот фестивал на филмска камера Браќа Манаки информираше дека Битола станува интересна локација за филмаџиите и најави снимање на нов филм во режија на Раде Шербеџија.

Тој неколкупати ја посетил Битола барајќи локации за снимање и додаде дека од планирани 14 недели за снимање и подготовка на овој филм 12 недели ќе се снима во Битола.