Во болниците и инфективните одделенија лежат 682 пациенти болни од ковид-19

Вкупно 682 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава. 263 пациенти се лекуваат  на инфективните одддели во болниците во главниот град, а 419 пациенти се лекуваат во блониците низ земјата. Има и околу 360 празни болнички кревети во ковид центрите. Ова го соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 25 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.

Вкупно 263 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.На интерните клиники имало 11 приеми.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 5 нови приеми на пациенти и 7 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 2 пациенти.

Моментално на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 22 пациенти, на Клиниката за неврологија 27 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 38 пациенти со симтоми на корона вирусот.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 79 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 86 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 16 пациенти. На ГАК има 5 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 30 пациенти, Штип 32, Тетово 17, Велес 25, Куманово 65, Охрид 56, Прилеп 75, Гостивар 6, Струга 19, Струмица 19, Кочани 7 , Кичево 8, Кавадарци 42, Гевгелија 5 и во Дебар 13 .