Мина донесена од поплавите експлодираше денеска во Брчко. За среќа во инцидентот никој не е повреден.
Центарот за отстранување на мини во Босна и Херцеговина предупреди дека надојдените реки поместувале мински полиња поради што се можни експлозии. Центарот ги предупреди граѓаните со импровизирани ознаки да ги обележат минираните места, да не ги допираат мините и да ги известат надлежните органи.
Од мини најзагрозени се подрачјата на Босанска Посавина, Тузланскиот кантон, подрачјата на Добој, Маглај, и Олово и Унско-санскиот кантон, кои беа најмногу зафатени од поплавите.