Во Британија откриен сосема нов сој на коронавирусот кој веќе се проширил во 10 земји

Истражувачите од Универзитетот во Единбург идентификуваа уште еден нов сој на коронавирусот во Велика Британија, кој веќе се проширил во десет земји во светот, објави во понеделникот попладнето електронското издание на весникот The Guardian, повикувајќи се на истражувањето на шкотските научници.

Сојот кој е наречен B1525, бил идентификуван со секвенционирање примероци од вирисот во Данска каде имало 35 случаи, во Велика Британија – 32, во Нигерија – 12, во САД – 7, Франција – 5, Гана – 4, во Австралија, Канада и Јордан по 2 и еден случај во Шпанија. Како што се забележува во написот, првото секвенционирање на геномот на овој сој на вирусот било изведено во декември од експерти во Велика Британија и во Нигерија.

Исстражувачите истакнуваат дека новиот сој се разликува од доминантниот во Англија ткн Кентски сој на коронавирусот со мутацијата означена како Е484К во S-протеинот (ткн шило на вирусот) која е забележана и кај бразилскиот, јужноафриканскиот и бристолскиот сој на вирусот и го прави вирусот поотпорен на антитела. Поради тоа, експертите ги повикуваат британските власти да го зголемат бројот на тестирања на коронавирусот во оние области од земјата каде што се идентификуваната оваа варијанта.

Минатата седмица Советодавна група за закани и нови респираторни вируси при британското министерството за здравство објави дека е идентификуван нов сој на коронавирусот во југозападна Англија, во пристанишниот град Бристол кој е класифициран како „загрижувачка мутација“. Стручњаците, исто така, информираа дека идентификувале упште еден сој на вирусот во Ливерпул, кој е класифициран како „мутација во проучување“.

Кон средината на ланскиот декември во Велика Британија беше откриен новиот сој на мутираниот коронавирус SARS-CoV-2, означена како VUI-202012/01, за која се смета дека позаразна за 70 отсто од изворната варијанта на вирусот.

Во понеделникот беше објавено дека научниците потврдуваат дека сојот на коронавирусот откриен во Велика Британија е поопасен отколку изворната форма на патогенот SARS-CoV-2, се наведува во извештајот на владината Советодавна група за ризици и појава на нови респираторни вирусот (NERVTAG). Стручњаците ги проучувале податоците за случаите на Covid-19 од водечните медицински институции во Лондон и откриле дека новиот сој на вирусот е за 30 до 70 отсто посмртоносен. Истовремено, истражувачите истакнуваат дека иако сите статистички податоци го потврдуваат ваквиот тренд, натамошното истражувања на истите материјали се неопходни за да се утврдат причините и попрецизните показатели за смртоносноста на сојот VUI-202012/01.

Научниците претпоставуваат дека зголемениот ризик од смртен исход е поврзан со зголеменото вирусно оптоварувања при зараза со британскиот сој на коронавирусот, што предизвикува и потешка форма на болеста.