Во Бугарија рекорден број починати од коронавирусот во еден ден

Во последните 24 часа во Бугарија од новиот коронавирус починале уште 18 лица, што е најголем број смртни случаи во еден ден од почетокот на епидемијата во земјата.

Со овие последни случаи, вкупниот број на смртни исходи од Covid-19 во Бугарија  достигна 563 починати.

Бројот на потврдени случаи на коронаинфекции достигна 15.386, откако во последното деноночие се регистрирани нови 99 случаи на инфекција, од вкупно 3.588 тестирани, покажаа најновите официјални податоци на бугарските здравствени власти.

Во земјата во моментов има 4.326 активни случаи на коронавирус.

Хоспитализирани се 714 пациенти, а 65 од нив се на интензивна нега