Министерот за економија Крешник Бектеши присуствуваше на свеченото отворање на првиот ретаил парк во Македонија – Поинт ретаил парк. Вкупната инвестиција на компанијата Али Тобако во овој шопинг центар кој што се наоѓа во општината Бутел изнесува девет милиони евра, а ќе бидат отворени 200 нови работни места.
-Отворањето на ваков Ретаил парк ја зголемува атрактивноста на земјата како туристичка и, во случајов, шопинг дестинација, отворајќи можност за зголемување на бројот на туристи, пред сѐ од соседните земји во градот Скопје, кој со скоро 340 илјади домашни и странски туристи минатата година беше најпосетуваната туристичка дестинација во земјата. Од друга страна концептот кој што го нуди овој прв Поинт Ретаил парк кај нас, кој што е развиен во целиот свет, и големиот број на содржини кои ги задоволуваат потребите и вкусовите на различни генерации на граѓани, верувам дека ќе придонесе овој комплекс да се претвори во посакувано место за целото семејство и популарно врталиште во кое ќе можете да ги споите извршувањето на обврските и релаксацијата, а за најмладите и забавата. Оваа инвестиција од девет милиони евра во општината Бутел, на стратешка локација која ги поврзува населбите Центар, Карпош, Бутел и Чаир, каде според најавите на сопственикот ќе бидат отворени над 200 нови работни места, ќе придонесе за локален, регионален,но и развој на националната економија – истакна министерот Бектеши.
Сопственикот Али Ќаили Паркот со својот принцип на работа ќе постави темели на еден поинаков модерен и европски концепт, кој во иднина може да претставува пример за инвестиција на која сите ќе бидат горди. Во Поинт ќе бидат застапени познати и реномирани домашни и странски брендови.
Според градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски, оваа инвестиција ќе ја позиционира Општинaта на едно повисоко ниво.