Во чест на легендарниот Џајиќ: Црвена ѕвезда ќе го повлече дресот со број 11!

Драган Џајиќ е едно од најголемите имиња на овие простори, ас кој има оставено голема трага како играч и функционер, па Црвена ѕвезда како клуб на неговото срце се реши да повлече потег со кој сласниот ас дополнително ќе го зацементира своето име во историјата на клубот од Белград.

Имено Џајиќ дури 60 години е во „црвено-белите“(во различни улоги), па при прославата на овој јубилеј беше најавено дека „единаесетката“ на Србинот оди во историјата. Имено ѕвезда во неговата чест ќе го повлече дресот со број 11 кој во моментов го носи Осман Букари.

По Букари ниту еден друг играч нема да ја носи „единаесетката“ што значи дека славното крило ќе ја добие најглемата чест од Ѕвезда.

Претходно тимот од српската престлолнина ги има „пензионирано“ дресовите со број 12 во чест на навивачите и 26-ката поради прерано починатиот фудбалер Горан Гогиќ.