Во четврток ќе се гласа за недоверба на Владата, детали за иницијативата (ФОТО)

Претседателот на Собранието, Талат Џафери за в четврток ја закажа седницата на која треба да се гласа доверба на Владата, откако ваква иницијатива со потписи од 61 пратеник поднесоа ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, АА и Алтератива, Беса и Левица.

Во дел од образложението коешто стои во иницијативата за гласање доверба на владата, пишува дека „Владата предводена од СДСМ и ДУИ не донесе значајни резултати во измантите пет години, туку владее со измами и пазарења за сметка на највжните прашања на нардот. Изминативе 5 години се доказ дека оваа Влада владее со конфликти и не’ оддалечува од ЕУ само со една цел, а тоа е одбрана на криминалот и одбрана на политичките кариери и привилегиите коишто безмилосно ги уживаат функционерите на власт на грбот на народот. Не се грижат ниту за државата, ниту за народот, ниту за приближување на државата во ЕУ. Неуспехот на ова поле е разочарување и ги влече сите процеси наназад“.

Исто така, се наведува дека по изборниот пораз на СДСМ, Владата нема кредибилитет, а нема ниту план за решавање на проблемите со што само ќе се продлабочува политичката криза.

Заедно со барањето за глаасање доверба на Влада, доставени се и потписите на пратениците.

За во Собранието да се изгласа одлуката за изгласување недоверба на Владата потребно е мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Ако на Владата и е изгласана недоверба, Владата е должна да поднесе оставка, предвидува Уставот.

Член 216 од Деловникот за работа на Собранието, пак, е наведено: „По поставеното прашање за доверба на Владата се води претрес. Право да го образложи прашањето за доверба на Владата има еден од пратениците кои го поставиле прашањето во траење од најмногу 30 минути. Редоследот на пратениците по пратенички групи и пратеници кои не се организирани во пратеничка група, а кои ќе учествуваат во претресот се определува во договор на претседателот на Собранието со координаторите на пратеничките групи пред почетокот на седницата. Пратеникот во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 15 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 20 минути“.

Со член 217 е предвидено дека Собранието гласа за недоверба на Владата по истекот на третиот ден од денот на поставувањето на прашањето за доверба.

Ако на Владата и е изгласана недоверба, претседателот на Владата до Собранието поднесува оставка во рок од 24 часа од изгласувањето на недовербата, се вeли во член 218. За изгласаната недоверба на Владата и за поднесената оставка, претседателот на Собранието веднаш го известува претседателот на Републиката.