Во Црна Гора почина второто лице со потврден коронавирус

Кревети во подгоричката „Бемакс Арена“/ (Foto: Arhiva Ultra CG)

Во Црна Гора во неделата починало второто лице кај коешто е потврден коронавирусот, објавија тамошните здравствени власти, прецизирајќи дека станува збор за 79-годишен маж кој имал хронична сцрева болест.

Во Клиничкиот центар во Подгорица каде што починал пациентот, во моментов се лекуваат 13 пациенти кај кои е потврдено присуството на новиот коронавирус, под кои тројца се на одделот за интензивна нега.

Во Црна Гора досега се регистрирани 85 случаи на заразата, а во последните 24 часа има само еден новозаразен, додека под здравствено-санитарен надзор се наоѓаат 6.278 лица.

Меѓу лицата кои се наоѓаат во самоизолацијата се и сите лекари од хируршкото и одделението за гинекологија во болницата во Бар, откако кај еден лекар во оваа болница е потврден коронавирусот. Нивната замена доаѓа од Клиничкиот центар на Црна Гора во Подгорица.

Шефот на кризниот медицински штаб, Ранко Лазовиќ, најави дека за два дена во спортската сала „Бeмакс Арена“ во Подгорица ќе биде отворена привремена болница за полесните пациенти заболени од коронавирусот, којашто ќе има 144 кревети.

Црногорскиот премиер Душко Марковиќ во новото обраќање до сонародниците изјави дека земјата владее засеге со ситуацијата, но дека најтешките денови во борбата против коронавирусот допрва претстојат.

Марковиќ исткана дека „целиот свет, па и стручната јавност цени како малата Црна Гора реагирале и како ѝ се спротиставува на оваа глобална закана“. Сепак, додаде премиерот, податокот дека во Црна Гора има близу 90 потврдени случаи предупредува дека мора да се дејствува уште порешително, подобро и посилно.

„Во Црна Гора имаме 620 илјади жители. Сакаме да бидеме повеќе, а не помалку, и поради тоа владата ќе го обезбеди спроведувањето на сите уредби и мерките за да не го загрозиме правото на здрав живот и иднината на нашите граѓани“, истакна Марковиќ.

Премиерот им се заблагодари на донаторите кои обезбедиле 3,5 тони медицинска опрема којашто во саботата пристигна во Црна Гора, и најави дека следните седмици ќе пристигне уште медицинска опрема којашто ќе ги задоволи потребите на црногорскиот здравствен систем.