Црногорскиот Институт за јавно здравје потврди во четвртокот 212 нови случаи на зараза со коронавирусот од 857 тестирани примероци, со што се потврдија очекувањата на тамошните епидемиолози кои најавија нов пик на епидемијата две седмици по парламентарните избори следен со пред и постизборни митинзи со десетици илјади луѓе и покрај забраните за масовни собири.
Во Црна Гора во моментов има 2.482 активни случаи на коронаинфекции, што е 394 случаи на 100.000 жители. Во последното деноноќие регистрирани се три нови смртни исходи, со што од почетокот на епидемијата, со што вкупниот број починати се искачи на 129 од кои 120 само од почетокот на јуни.
Најтешка е ситуација во Никшиќ, вториот по големина град во Црна Гора, каде пред две дена имаше задушвање на локалните болници, па во еден момент пациентот со коронавирус лежеле по ходниците.
Во решавањето на ситуацијата се вклучи кризниот медицински штаб, па во Специјализирната болница за белодробни болесто „Брезовик“, која исто така се наоѓа во општината Никшиќ, е формирано ново одделение за заболување од коронавирусот, како и дека извесен број пациенти е сместен таму, со што ситуацијата била решена. Тешка е ситуацијата во Беране на северот од Црна Гора, а бројот на пациентите секојдневно расте и во Подгорица.
Првите два беа градовите каде што ден по изборите на 30-ти август најамногу се славеше победата на опозицијата, додека во Подгорица една седмица по изборите беше оддржан собир на поддржувачите на претседателот Мило Ѓукановиќ чијашто партија по три децении ја загуби власт, на кој според процените на полицијата присуствувале 50.000 лица.
Црногорските здравствени власти на почетокот од седмицата го предупредија населението дека ситуацијата е алармантна и дека мора да се почитуваат епидемиолошките мерки, кои меѓу другото предвидуваат задолжително носење маски на отворени и затворени протести за сите повозрасни лица од седум години.