![policija amblem](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/03/policija-amblem.jpg?resize=696%2C393&ssl=1)
Во делчевско село, 81-годишен дедо се соблекувал пред 81-годишна баба и недолично се однесувал пред неа.
Во Полициската станица Делчево, вчера во 9 часот, жена од делчевско село пријавила дека ден претходно во нејзиниот двор, Д.С.(81) од истото село се соблекувал пред неа. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.