Во дом на Кумановец пронајден арсенал од оружје делови од оружје и муниција за продажба

Кумановец во својот дом чувал пушки, пиштоли од различни марки делови од оружје и муниција. Полицијата му поднесе кривична пријава бидејќи се сомнева дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Како што соопшти полицијата, кај кумановецот Ќ.А.(60) при претрес пронашла и одзела пет воздушни пушки, една полуавтоматска пушка, три пушки, пиштол непозната марка, две рамки, една кутија со делови од стартни пиштоли, една цевка од непознато оружје и 147 куршуми.