Во државата има 8.642 невакцинирани деца од мали сипаници

Во изминатата недела, пријавени се седум случаи на мали сипаници. Од вкупниот број на пријавени случаи, четири случаи се од Скопје, а еден е од Куманово.

Во државата остануваат уште 8.642 невакцинирани деца на возраст до 14 години. Потребно е да се засили спроведувањето на вакцинацијата, особено на предучилишните деца надвор од Скопје.

Министерството за здравство соопшти дека вкупниот број вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина, од почетокот на епидемијата со морбили (мали сипаници) во целата држава изнесува 34.214. Од нив, 16.333 деца се вакцинирани на територија на град Скопје, додека пак, 17.881 дете е вакцинирано во останатиот дел од државата.

Од почетокот на епидемијата во декември 2018 година, досега, дополнително се аплицирани 6.108 дози на вакцина.