
Општина Бутел спроведе еко-акција каде се исчитија повеќе локации на цела територија. Како што соопштија од Општината, исчистени се пет локации каде имало мини депонии и тоа во село Радишани улица „8“ на спојот со патот на село Љуботен, улиците „Бутелска“ – кај Расадник, „Бетовенова“ на спој со „Алекдандар Бујнов“, парк површина од улицата „Груица Војвода“ позади кино Бутел, Скопје – Север улици „Гоце Стојчевски“ и „Боро Менков“.
Акцијата се спроведува во координација на комуналното одделение на Општина Бутел и секторот за комунални работи на Град Скопје.
Во првата фаза од акцијата, информираат од Општината, исфрлени се десет камиони – 20-тони шут во депонијата „Дрисла“.
Во втората фаза предвидени се уште три локации, од кои патот од гробишта Бутел кон патот кој води до Кучевишка Бара, последна 8-ца н.м Љуботенски пат. Предвидена е и санација на најголемата депонија од улица „Александар Урдаревски“ на патот кон гробишта Бутел, односно од левата страната после мостот на реката Серава.
– Општина Бутел и во иднина ќе продолжи со акциите за чистење на сите депонии кои се наоѓаат на нејзината територија. Воедно, општина Бутел апелира до граѓаните да не одложуваат отпад на јавни површини и да го почитуваат Законот за јавна чистота, се наведува во соопштението.