Во Еквадор запленети тони кокаин наменети за Европа

Еквадорските власти откриле 3,5 тони кокаин во два одвоени случаи заплени на дроги пронајдени во контејнери со банани кои биле наменети за испорака во Еврпа.

Еден о д контејнерите бил наменет за испорака во Велика Британија, додека вториот требало да биде доставен во холандското пристаниште Ротердам, соопшти еквадорската полиција.

Во едниот случај, властите пресретнале камион кој превезувал контејнер при влез во пристаништето Гвајаквил и во него нашле 92 кутии со вкупно 2.300 палети од еден килограм кокаин.

Во вториот контејнер, кој е пронајден во истиот регион, полицијата запленила 87 кутии во кои имало 1.218 пакети со кокаин. Во секој од двата случаи уапсено е по едно лице.

Заплената е изведена само ден откако еквадорската полиција откри кокаин во стан во градот Манта, кој бил сокриен во конзерви со туна наменети за извоз.