Во филмска заседа запленети 12 килограми марихуана на македонско-бугарско граница

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе акција во која е разбиер лнец на круимчарење дрога од Македонија и Бугарија. Според инфорамциите од полицијата, дрогата, околу 12 килограми, наверојатно набавена од Албанија и истата на наркопазарот може да достигне цена од 50.000 евра.

Помошник министерот за односи со јавноста, Иво Котевски, појасни дека се приведени четири лица, од кои еден бугарски државјанин. Акцијата била спроведена на местото викано „Локвите“ во близина на македонско-бугарската граница.

Во согласност со планот, на неколку локации на теренот била поставена заседа, вклучувајќи и „сигнални фото – апарати“ за детекција и фото-сигнализација на движење на овие патишта.

По кратко време биле забележани две лица со ранци на грбот, кои кога сфатиле дека има полицијата се дале во бегство, фрлајќи ранците. Набрзо биле фатени и приведени. Во разговор со полицијата објасниле дека за 500 евра тие требале да пренесат дрога до бугарската граница, при тоа како тајна лозинка користиле извик како детективот Ајс Вентура.

При извршениот увид, во патните торби се пронајдени десет  пакувања со околу 12 килограми високо квалитетна дрога.

По извршеното легитимирање утврдено е дека се работи за двајца жители на село Град на возраст од 30 и 36 години и бугарски државјанин од Благоевград на возраст од 43 години.

Против лицата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.