Кинескиот телекомуникациски гигант Huawei во источна Франција ќе ја гради постројката за опрема првенствено наменета за технологијата од најновата генерација мобилни мрежи 5G, која е прва негова фабрика од овој тип надвор од Кина.
Според соопштението на компанијата објавено во четвртокот, во погонот ќе бидат вложени најмалку 200 милиони евра и во прво време ќе вработува 300 лица. Ќе призведува технолошки решенија за технологијата за мобилните мрежи за целиот пазар во Европа.
Според Huawei, фабриката во Брумат, гратче десетна километри северно од Стразбур каде што е формирама голема трговска зона, би требало да прозиведува опрема во износ од милијарда евра секога година.
„Со оваа фабрија сместена на крстосницата на Европа, Huawei ќе го збогати своето веќе силно пристуство на континентот каде што веќе има 23 центри за истажување и развој, повеќе од 100 партнерски универзитети, повеќе од 3.100 добавувачи и упешен синџир за снабдување“, наведува кинеската компанија.
Преседателот на регионалниот совет на регионот Гран Ест, Жан Ротнер, оцени дека градењето на првата фабрика на Huawei за производство надвор од Кина претставува одлична вест којашто „зборува за економската динамика на регионот“.
Станува збор за стратешки избор кој се случува во контекстот на американските санкции против Huawei, чии партнери во Европа почнаа да ги откажуваат или преиспитуваат договорите за градење на 5G мрежите.
Вашингтон кинеската компанија ја обвинува за тесна поврзаност со владата во Пекинг и за закана за националната безбедност на САД. Многу земји во Европската унија и во НАТО го прифатија американскиот повик да не ја користат инфраструктурата на Huawei за поставување на современите мобилни мрежи. Франција тоа експлицитно не го исклучли, но Велика Бротанија и Шведска, на пример, веќе и официјално го исклучија Huawei од тендерите за развој на новите мобилни мрежи на нивна територија.