![TEMPERATURE BOLLENTI, L'ALLARME NELLA GIORNATA DELLA TERRA](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/05/koronavirus-svet-01.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Научниците во Франција стравуваат дека идентификувале нова варијанта на коронавирусот изначена како IHU, која има повеќе мутации и од сега актуелната омикрон варијанта, пренесуваат во вторникот медиумите.
Според пишувањето на медиумите, наводно досега се откриени 12 случаи на заразата со оваа нова варијанта на коронаворусот SARS-CoV-2 во близина на Марсеј, а таа се поврзува со Камерун.
Варијантата означена како B.1.640.2 или IHU првпат ја идентификувале стручњаците од марсејскиот институт „ IHU Méditerranée Infection“ во ноември 2021 година кај лица кои допатувале од Камерун, а содржи 46 мутации, повеќе од омикрон сојот за кој се смета дека има на триесеттина и кој е доминантен сега во повеќето земји во светот.
Зараза со новата варијанта IHU засега не се пријавени надвор од Франција и Светската здравствена организација (СЗО – WHO) не ја означила како „варијанта која се истражува“.
Од ноември СЗО ја следи новата варијанта B.1.640.2 пријавена од француските стручњаци, изјави во вторникот на брифингот со новинарите во Женева експертот на организацијата Абди Махмуд.
„Вниматлно следиме. Имаме три тима соја: варијанта за следење, варијанта која предизвикува интерес и варијанта која предизвикува загриженост. Така што многу внимателно го следите B.1.640.2 од ноември, како и две негови подваријанти“, изјави Махмуд.
Според него, СЗО ќе продолжи да го следи развојот на оваа варијанта, вклучително и нејзиното евентуално ширење во другите европски земји.
Според студијата овјавена на интрнет ресурсот за претпечитување на научни истражувања кои не ја минале уште стручната рецензија medRxiv, новата варијанта ја содржи мутацијата E484K, поради којашто може да биде поотпорна на сегашните вакцини против коронавирусната болест Covdi-19.
Сојот наречен IHU, исто така, ја содржи и мутацијата N501Y, којашто првпат беше идентификувана кај алфа варијантата, поради којашто може да биде позаразен.
Научниците предупредуваат дека „тоа повторно ја покажува непредвидливоста на новите варијанти на вирусот SARS-CoV-2 и нивните внесувања во земјите однадвор. Како и колеку е тешко да се контролира внесувањето во ширењето на вирусот“.