Франција во четвртокот пријави 13.563 нови случаи на зараза со коронавирусот, што е сигнал дека ширењето на вирусот во четвртата седмица од „затворањето“ забавува, имајќи предвид дека податокот од пресекот за последните 24 часа е помал од 16.282 сличаи колку што беа потврдни во средата, и од 21.150 пред една седмица.
Вкупниот број потврдени случаи на коронаинфекции од почетокот на епидемијата во февруари во Франција во моментов е над 2,18 милиони.
Бројот на хоспитализараните во четвртокот за дополнителните 662 лица, на вкупно 29.310 пациенти, а бројот на оние кои се згрижени на одделите за интензивна нега паднал за 130, на 3.018 пациенти. Двете овие бројки се во пад веќе две седмици, според податоците кои ги објавува француското министерство за здравство.
Претседателот Емануел Макрон претходно оваа седмица рече дека целосното затворање кое е на сила би можело да биде укинато на 15-ти декемеври, доколку дневниот број новоаразени тогаш биде помал од 5.000, а бројот на ковид-пациентите на интензивната нега се движи меѓу 2.500 и 3.000 лица.
Франција во четвртокот потврди 339 нови смртни исходи во билниците, што е пад од 381 од ден претходно, или веќе вкупно повеќе од 51.300 починати. Седумдневниот пресек на починатите во болниците и демовоите за стари лица, сега е на показателот 547 и паѓа веќе една седмица откако се воведени рестриктивни мерки кога имаше 625 починати на дневно ниво.