Поранешниот водач на баскиската сепаратистичка организација ЕТА, сега 68-годишниот Хозе Антонио Урутикочеа, познат под името Хозу Тернера, уапсен е во четвртокот утрото на југот од Франција, соопшти шпанската полиција.
Тернера во Шпанија е осомничен за давање налог за извршување бомбашки напад врз гарнизон на шпанската Цивилна гарда (Guardia civil) во 1987 година во источниот град Сарагоса, кога загинаа 11 лица, а уште 88 беа ранети.
Тернера во 1998 годна беше пратеник во регионалниот парламент на северната шпанска покраина Баскија којашто бара независност како и Каталонија. Во 2002 година државното обвинителство во Мадрид го обвини за нападот во Сарагоса. Оттогаш не беше познато каде престојува Тернера. Во четвртокот во заедничка операција на француската и шпанската полиција е уапсен во месото Саланше, во француските Алпи. Се смета дека тој во мај во 2018 година стоел зад објавата за распуштање на ЕТА, и бил еден од последните водачи по претходните апсења, исто така, во Франција.
„Француско-шпанска соработка повторно ја покажа својата ефикасност. Денеска повеќе од кога и да е им испраќам прегратка на сите жртви на тероризмот“, порача преку Twitter шпанскиот премиер Педро Санчез.
Баскиската сепаратистичка терористичка организација ЕТА (Euzkadi Ta Azkatasuna или на баскиски јазик Татковина и слобода), е основана на 31-ви јули 1959 година. Во текот на нејзиното постоење е обвинета за убиства на околу 860 луѓе. Во 2011 година организацијата ЕТА објави „неопределено сеопшто примирје“, а оружјето го предаде во 2017 година кога најави дека нејзините членови ќе им се приклучат на политичките настојувања за стекнување на независност на Баскија, регион со околу 2,2 милиони жители. Како одговор на оваа објава,шпанската влада побара нејзино целосно ликвидирање.
Последниот напад на ЕТА се случи на 9-ти август 2009 година. Оттогаш, шпанската полиција со помош на француските, португалските и британските колеги речиси ја уништија организацијата. Од почетокот на 2010 година, полицијата уапси вкупно повеќе од 60 осомничени високи членови на ЕТА, во акции извршени во неколку држави, притоа се запленети повеќе тони експлозиви, голем број лажни документи користени за илеглани патувања, оружје, дрога а беа откриени и неколку тајни лаборатории за производство на експлозиви во Португалија и беа спречени создавања две бази во Португалија во Каталонија.
Официјален датум на формирањето на баскиската терористичка организација ЕТА е 31-ви јули 1959 година, кога група млади луѓе која ја напуштаат Баскиска национална партија, одлучиле да се борат се оружје за независност на регионот Баскија. Според некои извештаи, првата жртва на баскиската терористи (иако организација сé уште нема преземена никаква одговорност за тој напад) е 22-месечно девојче Бегоња Урос Ибарола, кое изгорело живо во самоубиствен напад извршени од терористи на 27-ми јуни 1960 година на железничката станица „Амара“ во Сан Себастијан.
Првпат организацијата официјално презеде одговорност за своја акција на 7-ми јуни 1968 година, при терористички напад во кој загина еден полицаец, Жозе Пардиње. Се смета дека од страна на ЕТА, според најновите податоци, досега се убиени 858 лица. Последниот убиствен терористички напад беше извршен на 30-ти јули 2009 година во Мајорка, кога беа убиени двајца полицајци.