Во Франција денеска се упасени 45 осомничени за голем меѓународен шверц на оружје од балканските земји и Словачка, соопшти француската полиција.Тие уште во 2009 година учествувале во шверц на стотина парчиња оружје, муниција и делови од оружје од балканските земји и Словачка.
Акцијата со апсењето била извршена на повеќе места во областа на Париз, во централниот и јужниот дел на Франција како и во француските прекуморски територии. Истрагата започнала, бидејќи во февруари 2012 година, на истокот на Франција во претресот на стан на еден од обвинетите за кражба, најдени се дваесет парчиња на оружје, меѓу кои и воени.
Првичните резултати од истрагата покажуваат дека оружјето кое се шверцувало, потекнува од една словачка шверцерска група која се поврзува со балканска банда.
Полицијата извести дека меѓу уапсените се и лица од криминалното милје, а детали не се објавени.