Во Гази Баба утрово воздухот е отров – 20 пати над дозволеното ниво на ПМ 10 честички!

Големо ниво на ПМ10 честички во воздухот е забележано во општина Гази Баба. Имено, во моментот се измерени дури 1000 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички или над 20 пати повеќе од дозволеното ниво.

Загадениот воздух и понатаму е рак рана за скопјани кои секоја година поради неспособноста на властите да го решат проблемот се соочуваат со енормно загаден воздух.