Во Германија над 140 постапки за одобрување на руските дејствија

Германските власти од почетокот на војната во Украина покренале повеќе од 140 истражни постапка поради јавно одобрување и величење на руските воени дејствија во Украина, при што во најголем број од случаите станува збор за истакнување на симбoлот „Z“, пренесуваат во понеделникот германските медиуми.

Властите сметаат дека тие 140 лица на споменатиот начин прекршиле еден параграф од германскиот закон со кој се забранува поттикнување и одобрување кривични дела за што се предвидени парични казни и затворски казни до три години.

Повеќето од истражните постапки се оденсуваат на јавно истакнување на буквата „Z“, што беше итно забрането во неколку сојузни покраини по почетокот на руската офанзива во Украина.

Со оваа буква се означени оклопните возила и тенковите кои ги користат проруските единици во Украина, кои по превратот во 2014 година во Киев прогласија независност и означува „За победа“ а ја користат сега приврзаниците на руската офанзива ширум светот. Ознаката „V“, пак, се толкува со фразата „Моќта е во вистината“ (Сила В правде) и ја користат единиците на руската копнена војска, а двете букви сега се забранети за истакнување во неколку земји во Европската унија.

Германските медиуми проценуваат дека бројот на истражните постапки во оваа сфера е уште многу поголем, но оти некои сојузни покраина не воделе посебни статистики околу таквиот вид кривични дела.

Голем број од постапките е забележан во источната сојузна покраина Саксонија-Анхалт, како и во делови од Германија каде што живее поголем број население од руско потекло, меѓу коишто спаѓаат и ткн руски Германци при што станува збор за припадници на германското малцинство кои по Втората светска војна биле преселувани најмногу од Украина, а масовно се доселувале и по подот на некогашниот Советски сојуз.

Досега во Германија беа одржаани голем број манифестации и поворки во знак на поддршка на Русија, меѓу другото и во Берлин, Хановер…

„Слободното изразување на мислењето е драгоцен дел од нашиот Устав. Секој во Германија смее слободно да го изразува своето мислење, но слободата на мислењето престанува таму каде што почнува кривичсниот закон“, изјави министерот за правосудство на сојузната покраина Баварија, Георг Ејзенрајх.

Тој за медиумската мреажа RND рече дека во Германија е недозволиво јавно одобрувања на „злосторства и кршење на меѓународното право“, без да конкретизара натаму.