Во Германија не исклучуваaт политички мотиви за саботажа на железницата

Германската Сојузна криминалистичка полиција не исклучува дека саботажата на железницата, којашто во саботата предизвика прекин на железничкиот сообраќај во северна Германија, може да има политички мотиви, пишува во неделата германскиот таблоид Bild повикувајќи се на документ на безбедносните служби.

Компанијата оператор „Deutsche Bahn“ во саботата утрото пријави техничка неисправност на железничка линија, поради што целосно беше парализирано движењето на возовите на долги релации во северна Германија. Подоцна железничкиот сообраќај беше обновен, но компанијата предупреди дека можни се прекини и доцнење на возовите во текот на денот.

Германската новинска агенција DPA потоа објави, повикувајќи се на портпарол на компанијата „Deutsche Bahn“, дека прекинот на железничкиот сообраќај е предизвикан од саботажа.

Во документот на агенцијата BKA до кој дошол Bild, полицијата забележува дека поради локациите на инцидентите во градовите Херне и Берлин, како и во контекстот на истекувањето на гасот од гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2 во Балтичкото Море од крајот на септември, се претпоставува дека можно е да станува збор за саботажа изведена со државна поддршка.

Според весникот, истрагата верува дека нападите ги извеле двајца одделни или две групи извршители, и оти притоа станува збор за професионални. Имено, извршителите точно знаеле кои кабли треба да се пресечат за да се предизвика максимална штета, се наведува во прилогот на Bild.

Во форензичкиот извештај, исто така, се појаснува дека „критичните инфраструктурни објекти, целосно како и особено во транспортниот сектор во железничките врски се изложени да бидат предмет на напади и саботажи“.

Весникот, исто така, ги цитира и авторите на извештајот, коишто додаваат дека таквиот ризик неодамна бил потврден и со „претпоставените напади врз гасоводите Северен тек во Балтичкото Море“, како и активностите „врз кабелскиот систем на железничките линии“ во Германија.

Дополнително, според Bild, истрагата не исклучува дека зад саботажата може да стојат политички мотивирани дејствија, Во прилог на таквата верзија оди и фактот дека компанијата „Deutsche Bahn“ е во фокусот на критиките од екстремно левичарските сили поради транспортот на фосилни горива.

Се истакнува дека истрагата проучуваат различни верзии. Истовремено, истрагата повеќе не ја води федералната полиција, туку службата за државна безбедност. Како што коментирале за Bild од безбедносните агенции, тоа се должи на фактот дека „не можат да се исклучат политичките мотиви“.