Најмалку десет бездомници смрзнале и починале оваа зима во германските градови, објави во саботата здружение за помош на бездомниците.
Смртните случаи се пријавени во Хамбург, Келн, Диселдорф и Берлин, соопшти Верена Ренке, претседателка на споменатото здружение.
Само во Берлин последните денови се пријавени два смртни случаи во текот на поларните ноќни студови. Еден човек се смрзнал и починал на клупа во партк, а другиот е најден мртов во напуштено поранешно јавно купатило.
Групата за помош на бездомниците го регистрира бројот на починатите од смрзнување од 1990-те години, бидејќи во Германија нема официјална статистика за тоа.