Меѓу припадниците на германските вооружени сили во 2020 година е забележан е значителен рат на инцидентите со политичка екстремно десна заднина, произлегува од годишниот владин извештај за состојбата во Бундесверот претставен во вторникот во Берлин.
„Се покажало дека кога станува збор за десничарскиот екстремизам сѐ уште постои потреба за делување“, изјави повереничката на германската влада за Бундесверот, Ева Хогел при претставувањето на извештајот.
Во 2020 година се регистрирани 211 инциденти со радикална десна заднина. Притоа станува збор за случаи во коишто припадниците на Бундесверот преку разните чат-групи ширеле екстремистички содржини или јавно истакнувале симболи, како што е ткн Хитлеров поздрав. Претходната 2019 година биле регистрирани 178 такви инциденти.
Во многу случаи по дисциплинската постпаката следело отпуштање од редовите на составот на германските вооружени сили.
Комесарката Хогел смета дека растот на бројот на забележаните случаи треба да се поврзе со порастот на сензибилитетот наспроти на радикалните десните појави во Бундесверот.
Таа истовремено ги критикуваше предолгите процеси кои се случаи на пријава на десничарскиот екстримизам водат кон воените дисциплинските судови. Хогел е најави и засилени превентивни мерки.
„Политичкото образование мроа да стане составен дел од работното секојдневие на припадници на Бундесверот за да се спречи ширењето на екстремизам“, рече комесарката.
Изрази и загриженоста поради минатогодишниот скандал меѓу припадниците на специјалните единици KSK. Командантот на овие единици на војниците кои се недозволено присвојувале муниција коешто останувал по вежбите имм дозвилил неказнето и без дисциплинска постпака да ја вратат муницијата во касарните.
Оваа постапка го загрозила враќањето во реформскиот процес кој започнал откако и меѓу припадниците на елитните единици се забележани инцидентит со екстремно десна заднината, заклучи Хогел.